Во март годинава, првиот месец откако почна кризата со короната, се бележи намалување во бројот на туристите за 67,3 отсто, а бројот на ноќевања за 62,8 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60,5 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 70,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50,3 отсто, а бројот на ноќевања на странските туристи е намален за 69,6 отсто.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 18,3 отсто, и тоа кај домашните туристи има намалување за 17,2 отсто, а кај странските има намалување за 18,9 отсто.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 19,7 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15,1 отсто, а кај странските има намалување за 22,9 отсто.