Реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде подобра од лани, уверува  министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Катастрофално нискиот процент од само 1, 09% за месец јануари , според Сугаревски е резултат на тоа што не е градежна сезона , а се работи на тендери за предвидени проекти.  За 15-ина дена со почетокот на градежната сезона стартува реконструкцијата на 40 патишта, за што е подготвена целосната документација.

Документот објавен на министерството за финансии, за  извршување на Буџетот за јануари 2019- та  година, покажува дека реализацијата  на капиталните инвестиции  во  месец јануари  изнесува  1,09 %.

Од  Буџетот за 2019 година, за капиталните инвестиции се издвоени  26  милијарди денари или 418 милиони евра.

Инаку, во 2018 година Владата успеа да потроши само 65,6 % од парите што ги планираше за капитални инвестиции.