Реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде подобра од лани, уверува министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.
Катастрофално нискиот процент од само 1, 09% за месец јануари , според Сугаревски е резултат на тоа што не е градежна сезона , а се работи на тендери за предвидени проекти. За 15-ина дена со почетокот на градежната сезона стартува реконструкцијата на 40 патишта, за што е подготвена целосната документација.
Документот објавен на министерството за финансии, за извршување на Буџетот за јануари 2019- та година, покажува дека реализацијата на капиталните инвестиции во месец јануари изнесува 1,09 %.
Од Буџетот за 2019 година, за капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари или 418 милиони евра.
Инаку, во 2018 година Владата успеа да потроши само 65,6 % од парите што ги планираше за капитални инвестиции.
Comments are closed for this post.