Познато е дека Владата одлучи да го прекине производството на електричната енергија од хидроцентралите, со оглед на тоа дека е намален водостојот во природните и вештачките езера, па оттаму мора да се спречи да се загрози животинскиот свет.

Недостатокот на елетрична енергија, ќе се обезбедува од увоз, се додека условите не се променат. Од државните електрани велат сеуште е рано да се формира нова цена, до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор помеѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач.

До 31.12.2020 година на сила е шестмесечниот договор со Универзалниот снабдувач, и струјата од страна на ЕСМ ќе му се испорачува по цената која ЕСМ ја даде на тендерот распишан од него. Берзанските цени на струјата за првото тромесечје во 2021 година ќе бидат познати на 15.12.2020 година, а потоа и за вториот квартал. Тогаш ќе се прават и пресметките за цената која ЕСМ ќе ја даде на тендерот на Универзалниот снабдувач за испорака на струја за периодот 1 – 6. 2021 година. Во овој момент е рано да се формира цената, но АД ЕСМ континуирано работи на намалување на производната цена на струјата со цел на обезбеди стабилност на истата за домаќинствата, односно за крајните потрошувачи“, се вели во дописот од ЕСМ.

Инаку, за потсетување, во август годинава, струјата поскапе за 7,4% со образложение дека државните енергетски компании како последица од пандемијата се соочиле со намалени приходи.