Кинеската економија забележа стабилна стапка на раст од 6,4 проценти  во првиот квартал. Овој раст е забележан  благодарение на големиот скок на индустриското производство и сигналите за подобрување на побарувачката на потрошувачите.

Иста стапка на раст  имаше и во последниот квартал од минатата година.

Кварталниот раст беше поддржан од скок на индустриското производство за 8,5 отсто во март годишно, што е најбрзо темпо на раст за повеќе од четири и пол години, според податоците на кинеското Национално биро за статистика, пренесува агенцијата Ројтерс.

Податоците, исто така, покажаа дека инвестициите во недвижнини се зголемија малку на 11,8 проценти во првиот квартал од оваа година.