Царината во Европската унија конфискувала лани 31 милион фалсификувани продукти со пазарна вредност од 580 милиони евра, соопшти денеска Европската комисија.

Најчесто фалсификувана роба се прехрамбените продукти, дури 24% од конфискуваните. На второ место се играчки 11%, следуваат цигари со 9% и облека со 7% од вкупната заплена, наведуваат од ЕК.

Во Кина најмогу се произведуваат фалсификувани стоки, највеќе мобилни телефони и електронска опрема. Турција прединачи со најмногу фалсификат облека, за пазари во ЕУ, додека Индија е „извор“ на фалсификат лекарства.