Цената на месото во Австрија минатата година било за речиси 50 отсто повисока во однос на просекот во Европската унија, покажува истражувањето на Еуростат.

Се наведува дека Австријците плаќале 46 отсто поскапо месо од просекот во ЕУ, а дека по висината на цената на месото во изминатата година следуваат Луксембург, Франција и Белгија.

Од друга страна, Полјаците и Романците минатата година јаделе најевтино месо во ЕУ.

Цената на месото во Полска и Романија биле за 37 отсто пониски во однос на просечната цена во ЕУ, а приближно цените се слични и во Бугарија и Литванија.