Исклучените од парно кои не живеат во становите и натаму ќе плаќаат паушал. Од Регулаторната комисија за енергетика ваквата обврската ја аргументираат со анализата на МАНУ која покажала дека тие реално се трошок за колективните објекти.

Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму додаваат дека сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта, а ако имаат кираџии тоа дополнително ќе се утврдува.

БЕГ ги повика сите корисници кои живеаст воп своите станови или куќи а се исклучени од парно, тоа да го докажат со лична карта и имотен лист не постар од 30 дена, кои до крајот на мај треба да се достават до наплатните центри.