Последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека граѓаните ја карактеризираат Македонија како високо задолжена држава. Според резултатите од истражувањето, 56,5% од граѓаните сметаат дека земјава е високо задолжена. 19,2% од анкетираните граѓани мислат дека задолжувањето е умерено додека 7,3% земјава ја сметаат за ниско задолжена.
Најголем дел од граѓаните немаат информации за помошта која Македонија ја добива од европските фондови. 35,4% не знаат колку помош добива земјава, 22,5% сметаат дека таа е ниска, 19,3% ја ценат како соодветна додека само 5,9% од граѓаните сметаат дека таа е висока.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници