Граѓаните и фирмите од денеска на порталот privatizacija.finance.gov.mk ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР Шасине Касами ја презентираа платформата.
Нема веќе предмети во фиока. Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет – од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот – до архивирање – рече Тевдовски.
Тој посочи дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврши дигитализација на процесите.
Постапката за користење е многу едноставна. Се што ви треба од податоци се архивскиот број на предметот, кога е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен. Доколку не ја знаете катастарската парцела или општината, доволно е само да го внесете својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на вашиот е-маил доставува податоци до каде е вашиот предмет – рече Тевдовски и посочи дека засега на платформата се внесени предмеите од 2018 и 2019 година, додека во рок од една година ќе се внесат и сите предмети.
Директорката на УИПР Касами рече дека платформата privatizacija.finance.gov.mk е само еден од чекорите кои ги Управата за ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите Управа за имотно правни работи.
Порталот за проверка на статус на предмети за приватизација е направен во рамки МИС системот, изработен во 2013 година со поддршка на проект од Светска банка. Иако и тогаш постоела опција да се направи ваква платформа, таа можност не била искористена. Ние ја искористивме оваа можност за да им понудиме подобра услуга на граѓаните. Наша цел е да бидеме ефикасна Управа, која ќе им служи на граѓаните и фирмите и ќе понуди квалитетна услуга-рече Касами.
Касами посочи дека се работи на решавање на поднесените предемти за приватизација и дека од 310.000 поднесени, останати се околу 90.000 предмети за решавање.
Comments are closed for this post.