Со измените на законот за експопријација се предвидува да се плаќаат дивоградби, односно нивното рушење онаму каде што треба да минува новиот автопат, откри вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

За таа цел, како што тврди Николоски ќе бидат потрошени околу 300 милиони евра.

Тоа значи дека ако горе долу се знае каде ќе биде трасата некој утре ќе почне да си гради дивоградба или веќе почнал, ќе ја изгради за една година. Ќе стигнат до неговата дивоградба и таа ќе биде платена.Значи свесно ќе се краде државата-рече Николоски.

На вчерашниот брифинг Артан Груби истакна дека околу 55 проценти од земјиштето каде треба да поминува автопатот е државно а 45 посто приватен имот.