Американскиот производител на автомобили Форд денеска објави дека планира да затвори 12.000 работни места во Европа,  како дел од претходно најавеното реструктуирање, додека затвора или продава  шест од своите фабрики во Велика Британија, Франција, Русија и Словачка во 2019 и 2020 година, објави АФП.

Производството на Ford во Европа ќе биде намалено на предложените 17 локации до крајот на 2020 година, соопшти компанијата.

Намалувањето на работните места, вклучувајќи 5400 претходно објавени во Германија и 1.700 во Велс, ќе доаѓаат „претежно со заеднички програми за согласност“.