Колку била успешна Владата во овој пресек од две години, се што е сработено и дома и на меѓународен план потврда се економските бројки и параметри, истакна премиерот Заев на денешната расправа за избор на новите министри.

-Тие не се случуваат ако нема успешност во севкупните политики.Денеска имаме раст од 4,1 отсто, вториот квартал се надевам ќе биде уште поуспешен, извозот е зголемен за 16,5 проценти, кредитниот рејтинг исто така, странските инвестиции растат.Нови рекорди во целиот регион и во Европа се воспоставени по бруто домашен производ правејќи паралела во цела Европа-објасни премиерот