Технолошкиот гигант „Епл“ објави дека приходите од продажбата на iPhone паднале за 17 отсто на 31 милијарда долари во последниот квартал, објави ББС.

Сепак, главниот извршен директор Тим Кук рече дека продажбата се зголемила на крајот од март, вклучувајќи ги и Кина, каде што цените на „iPhone“ биле намалени повеќе од еднаш во изминатата година за зголемување на побарувачката.

Приходите во текот на кварталот паднаа од 61,137 милијарди долари до 58 милијарди долари годишно, а оперативната добивка падна на 13,415 милијарди долари на 15,894 милијарди долари претходно.

Инвеститорите, очигледно, не се загрижени за овој пад. Епл ја зголеми прогнозата за заработувачка во трите месеци до јуни, а цените на акциите собраа повеќе од 5 проценти по завршувањето на тргувањето со акции.