Економската ситуација во државата незапирливо се влошува затоа што владата на СДСМ, Зоран Заев и Драган Тевдовски не запираат со непотребните задолжувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Последно такво е денешното од 58 милиони евра и тоа без основ и без никакво покритие, без најавени проекти, без најава зошто ќе се трошат тие пари, додваат од опозицикста партија.
Власта го зголемува јавниот долг и без да има потреба од финансирање на буџетски дефицит тоа го заклучи Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај објавен во врска со Буџетот и Буџетската транспарентност во Република Македонија.
Задолжувањето како инструмент на финансирање е оправдано само ако со него се финансира дефицит или капитални инвестиции кои за жал во Република Македонија се премногу ниски. Власта во Македонија не го прави ниту едното, ниту другото. Нивото на реализација на капитални инвестиции за девет месеци е очајни 27%, односно за три 3/4 од годината реализирана е само 1/4 од капиталните инвестиции. Ова не е лошо почитувани, од ова полошо не може, ова е најлошо – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Истовремено, од ВМРО поставуваат прашање на што се трошат милионите од задолжувањата, кога како што велат, нема 600 километри нов автопат, нема 550 километри магистрални патишта, нема 1.100 километри нови локални патишта, а запрена е иизградбата на клиничките центри во Скопје и Штип, како и пролонгирани се сите инфраструктурни проекти кои останаа од претходната влада.
Како резултат на ваквото неодговорно и расипничко однесување на СДСМ јавниот долг одамна ја проби психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг ја надмина границата од 4 милијарди евра. Со вакво темпо на неодговорно и без покритие задолжување власта ја турка државата кон инсолвентност.
Дека темпото на задолжување зазема огромни размери говори и фактот што јавниот долг во вториот квартал од годинава во однос на првиот квартал се зголемил за 0.6%, за само три месеци оваа расипничка власт го зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации за 0.6% – додаде Арсовски.
Comments are closed for this post.