Канадска компанија од рударскиот сектор (ДПМ) од Торонто објави прелиминарна физибилити студија за отворање и експлоатација на рудници за злато на планината Црн врв, помеѓу Бор и Загубица, пишуваат српските медиуми.
Според Студијата, во деветте години за кои се проценува дека рудникот би бил во функција, ќе треба да се експлоатираат речиси 34 тони од тој скапоцен метал, во обемот со вредност од 1,6 милијарди долари.
Оваа студија дава солидна основа за златниот проект во Тимок – рече Рик Ховес, претседател и извршен директор на ДПМ.
Според документацијата, во отворањето на рудникот, во кој се утврдени резерви од речиси 19 милиони тони руда, со просечна содржина од 1,36 грама злато по тон, првично ќе биде инвестирано 136 милиони долари.
Како што е предвидено, годишното производство би изнесувало 75.000 до 132.000 унци, или максимум 3,73 тони од тој скапоцен метал.
Comments are closed for this post.