За денеска во Собранието е закажана надзорна расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето во на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“. Расправата ќе почне во 13 часот, а за во 15 часот пред зградата на Собранието е закажан и протест на здружението Оштетени штедачи.

На расправата поканети се гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска, сопственикот на банката Трифун Костовски, Арафат Муареми , директор на Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за финансии Фатмир Бесими, банкари и пратеници од повеќе политички партии.