Од идната година граѓаните, компаниите и јавната администрација од Македонија и Србија ќе може да пребаруваат информации на компании кои отвориле свои претставништа во други земји. Ова ќе го овозможи Регионалнот портал за кој денеска, на одбележувањето на 16 години од потоењето на Ценралниот регитар, беше потишан меморандум за соработка со ЦР на Србија.
Покрај Србија и Македонија, на регионалниот портал, ќе се приклучат и Словенија, Хрватска, БиХ, Албанија, Косово, Бугарија, Романија, а во постапка на потпишување меморандум за соработка е и со Грција.
Регионалниот портал, како што оцени Фрик Јанмат од ЕУ делегацијата во Скопје, ќе овозможи полесно да се интегрира овој систем во оној на ЕУ. Тоа, како што рече, носи предности, пред се, за да ја зголемува довербата кај потрошувачите, прекуграничните трансакции, компаниите може да имаат намален административен товар и полесни прекугранични процедури.
За Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар воспоставувањето на ваквиот регистар, како што рече, е согласно ЕУ директивите.
Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на одбележувањето на 16-годишнината на Централниот регистар, посочи дека регионалниот портал е дел од пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан и претставува еден од фундаменталните инфраструктурни проекти за поврзување на регионот, за слободен проток на информации и за креирање заеднички пазар.
Comments are closed for this post.