Со цел спречување перење пари и префрлање средства од едни на други правни лица, од 1 октомври следната година секое физичко лице при иницијална регистрација во Централниот регистар ќе потпишува и изјава за сопственост на удели во други субјекти.

Законот за спречување перење пари и финансисрање тероризам е донесен во Собранието, а ние како Централен регистар имаме законска обврска до 1 октомври идната година да го имплементираме регистарот на вистински сопственици. Се уште се работи на правилникот и на сите останати мерки што треба да се имплементираат, а работиме заедно со Управата за финансиско разузнавање и финансирање тероризам, одговори на новинарско прашање Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар на Република Македонија

Таа појасни дека покрај новите ќе треба и постојните сопственици на фирми да поднесат таква изјава во Управата. Воспоставувањето на ваквиот регистар, како што рече директорката е согласно ЕУ директивите