Со влезот во НАТО во делот на недвижностите ќе добиеме стабилност, а со самото тоа и вредноста на недвижностите ќе се зголемува. Реално цените треба да се зголемат за минимум 20 проценти. Ако сакаме да имаме квалитетни градби, цените треба да бидат на ниво и секоја година да се зголемуваат за одреден процент затоа што постојано се зголемуваат градежните материјали и услугите. Ако дојдеме во ситуација да не се зголемува цената на становите, а се останато се зголемува, тогаш тоа ќе влијае на квалитетот, вели Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
И заменик генералниот директор на „Адора инженеринг“ Душко Чифлиганец вели дека цените на становите не можат да бидат пониски од сегашното ниво бидејќи постојано растат сите материјали што се користат во градежништвото.
Бизнисмените од овој сектор велат дека во Македонија се градат квалитетни станови и оти во делот на енергетската ефикасност градбите се над стандардите кои ги предлага Европа. Правецот кон кој треба да се движи градежниот сектор, според бизнисмените, е изградба на енергетски ефикасни објекти кои ќе трошат помалку енергија. Не стравуваат дека изградените станови нема да се продадат бидејќи, како што велат, се што е квалитетно изградено, ќе се продаде.
Како проблем го посочуваат недостатокот од работна сила бидејќи голем дел од градежните работници работат надвор од државата.
Република Македонија се соочува со недостаток од работна сила. Со отворањето на Германија и останатите држави, луѓето бегаат надвор од државата. Таму се подобро платени и она што ќе мора да го направиме за да одговориме на тоа е да ги зголемиме платите, вели Чифлиганец
Comments are closed for this post.