Производителите на авионите „Боинг“ и „Ербас“ испорачале рекорден број авиони во 2018 година, но не успеале да ги остварат првичните амбиции.

Боинг, седма година по ред, ја задржа титулата на најголем светски произведувач на авиони, откако испорача рекордни 806 авиони.

Тоа е, меѓутоа, помалку во однос на првичниот план да бидат испорачани од 810 до 815 авиони во 2018 година.

Европскиот ривал Ербас испорача 800 авиони изминатата година, што е во склад со ревидираната цел на компанијата од октомври, кога своите производни планови ги намали за околу 20 авиони поради проблеми со добавувачот, пренесува Ројтерс.