Полициски час да биде последната мерка во борбата со короната. Бизнис секторот алармира дека ново ограничување на движењето ќе биде погубно за економијата. Премиерот најави дека е можно Владата да донесе одлука со која би се ограничило двиежењето од 17 или 18 часот попладне до пет часот следниот ден. Најпогодени од ваквата мерка би биле угостителите, туристичкиот сектор, градежништовото, транспортот.
Анкетата која беше спроведена меѓу фирмите, а се однесуваше на периодот март и април кога економијата беше затворена имаше полициски час и неколкудневни карантини покажа дека дури 82% од компаниите претрпеле штети во работењето.
Кај 43% од анкетираните падот на приходите изнесувал над 50%. 11% од нив целосно ги затвориле бизнисите.
Во тој период 61% од компаниите од анкетата го намалиле работното време на вработените. На принуден одмор биле 19% од вработените, а 9% биле отпуштени.
Comments are closed for this post.