Со одлуката на Реугулаторната комисија се изврши поевтинување на малопрподажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и тоа за 0,50 денари по литар во однос на Одлуката од 19.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 19.10.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 50,50ден/лит.