Од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За половина денар поскапува Еуросупер БС-95, а за еден денар Еуросупер БС-98 и дизелот.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 71 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 73 денари за литар. Дизелот ќе се продава по цена од 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денар/литар и новата цена ќе биде 62,5 денари за литар, а на мазутот за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

Со најновата одлука се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 денари во однос на минатонеделната одлука.