Не дискусии, туку брзи и одлучни решенија базирани на реални проценки, му се потребни на бизнисот во овој момент. Да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само ќе придонесат да платиме висока цена во кризата, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во денешната порака до бизнис заедницата.
Да не ги продадевме туристичките капацитети што ги наследивме од поранешнатадржава, денес, оценува Азески, тие ќе претставуваа вистински консумент и промотор на земјоделско-прехранбениот сектор.
Да ги поддржевме домашните синџири на супермаркети („Тинекс“, „КАМ“, „Кит-Го“, „Стокомак“, „Жито“, „Кипер“, „Рептил“…) да се прошират во соседните земји, исто така ќе отворевме нови пазари за земјоделско-прехранбениот сектор.
Претседателот на Комората за в среда најавува конференција за позицијата на земјоделско-прехранбениот сектор, по, како што потсетува, веќе одржаната за туризмот и угостителството.
Comments are closed for this post.