Ситуацијата со најголемиот Буџет изгласан до сега од страна на СДСМ  е катастрофална, обвинуваат од опозициската партија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека катастрофална е наплата на УЈП која престана после месец мај да објавува извештаи.

„Во првата половина на 2019 година според планираното требало да бидат наплатени 43,4 милијарди денари, а наплатени се околу 39,3 милијарди денари. Катастрофалното работење на УЈП и лошата наплата и лошото работење резултира со разлика од околу 4,1 милијарди денари помалку. Во вториот квартал наплатата е за 12% помалку од планираната наплата според планот на Владата од почетокот на годината кој што беше објавен. Замислете колку се неспособни, во месец април имаме речиси 6% помала наплата од планираната, во месец мај имаме речиси 13% или повеќе од дупло помалку, додека пак во месец јуни имаме речиси 16% помала наплата од онаа која што била планирана на почетокот на годината од страна на Владата на СДСМ“, вели Арсовски.

Но, затоа пак додава тој наплатата на рекет од страна на СДСМ се одвива непречено и без застој. Тој потенцира и дека нивото на реализација на капиталните трошоци и капиталните расходи, е катастрофални и ниски 20-тина проценти. О

„До крајот на годината според сите параметри и прогнози, реализацијата од Буџетот нема да биде повеќе од 50% или ова значи дека реализацијата ќе биде за околу 200 милиони евра помалку. Каде ли ќе завршат тие 200 милиони евра на крајот на годината каде што требаше да се инвестираат во капитални инвестиции?“, вели Арсовски.