Министерката за финансии Нина Ангеловска во своја изјава вели дека кога го купила станот за да си го реши станбеното прашање бил уредно пријавен во ДКСК. Мало потсетување: Според моите информации, Нина Ангеловска станот во ДКСК, заедно со последните 50.000€ депозит извадени од “Еуростандард Банка” ги пријавува на 24 јуни 2020 година, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели ако не е точно дека на 24 јуни пријавува промена на анкетен лист, нека го демантира.

Јас, документите за станот кој го поседува Ангеловска, а го криеше, ги објавив на 22 јуни. Дали Нина Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од „Еуростандард Банка” 2 дена откако ги објавив информациите?, прашува Арсовски.

Дали ДКСК отвори случај за ова? -НЕ

Дали Нина Ангеловска сноси одговорност за ова? -НЕ

Дали макар ја казнија и со прекршочна пријава за задоцнет анкетен лист после промена? -НЕ

Дали ќе сноси одговорност? – НОРМАЛНО ДЕКА НЕ

Антикорупциска комисија ако не отвори случај сега и не го реши сето ова, се класични соучесници и помагатели на Нина Ангеловска..

Во прилог фото: