Управниот совет на Европската централна банка  одржува клучен состанок, на кој се  очекува банката да објави нов пакет мерки за стимулирање на економијата во еврозоната.

Возможно е да дојде до намалување на рекордната ниска каматна стапка на депозитите,  иако постои силен став од страна на германските банки.

Во моментов индикаторот е минус 0,4 и се очекува да се намали на минус 0,5. Сепак, против  ваквата мерка се  спротивставија  банките, затоа што со дополнителното намалување, нивните загуби ќе се зголемат.

Се очекува ЕЦБ  да ги објави плановите за продолжување на програмата за откуп на обврзници за стимулирање на растот и инфлацијата.  Денешната средба ќе биде една од последните за гувернерот Марио Драги, која ќе ја предаде функцијата на Кристин Лагард на 1 ноември.