Планираме да ги зајакнеме сите активности за инфраструктурните зафати со новите кредитни линии кои Министерството за транспорт и врски ќе ги добие наредната година од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра за водоводи и канализации, како и за изградбата на локални патишта за што владата издвои 70 милиони евра за да им помогне на општините, нагласи министерот за транспор ти врски Горан Сугарески на денешната средба со прилепските локални власти за активностите во изградбата на локалните патишта во општината.

Сугарески со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски направи увид во градежните работи на една од најфрекфентните улици во Прилеп, која ЈП „Македонија пат“ ќе почне да ја асфалтира.

 Она што во моментов  активно планираме е  да го зајакнеме со новите кредитни лини кои Министерството за транспорт и врски ќе ги добие наредната година од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра за водоводи и канализации. Владата одвои 70 милиони евра за локални патишта, што значи и државата ќе може да им помогне на општините покрај користењето на нивните локални буџети, изјави Сугарески.

Тој уште еднаш упати апел градоначалниците да поднесуваат проекти во Министерството за транспорт и врски и во Министерството за локална самоуправа, во делот за Рурален развој каде се работат проекти од ИПАРД, за владата да им помогне на локалните самоуправи да се развиваат, а корист да имаат граѓаните.

Прилепскиот градоначалник Јованоски, нагласи дека активно се работи на повеќе улици во градот и на пристапните до населените места, а општината веќе има поднесено проекти за неколку магистрални патни правци.