Владата ги ја следи состојбата со покачувањето на цената на лебот кај одредени пекари, а засега нема потреба од интервенција на пазарот, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според него, цената на одредени пекарски производи е зголемена поради сушата и малиот род на жито годинава, но вели дека ситуацијата во моментов не е алармантна.

Секако ние ќе ја пратиме ситуацијата и ако видиме дека тоа има посериозен импакт на сите останати пекарски производи генерално ќе интервенираме од страна на државните резерви со житни производи. Имаме доволно резерви. Тие се купени со соодветни цени домаќински е направено. Ќе реагираме на време ако тоа земе поголем замав, рече вицепремиерот Анѓушев.