Во септември, вработеноста во САД стабилно се зголеми со  136,000 нови работни места, додека стапката на невработеност изненадувачки падна на ниво од 3,5%.

Овие податоци потврдуваат  мал застој на создавање работни места во услови на трговска војна меѓу САД и Кина и слабеење на глобалната економија.

Сепак, невработеноста во САД опадна изненадувачки од 3,7% на 3,5%, достигнувајќи ново скоро 50-годишно ниво (најниска невработеност од декември 1969 година).

Бројот на вработени во образованието и здравствените услуги е зголемен за 40.000, додека во индустријата се намалени 2.000 нови работни места

Просечната  плата во САД  изнесува  28,09 долари на час.