Патиштата во Обединети Арапски Емирати  се прогласени за најдобри во светот, се вели во Извештајот на Светскиот економски форум. На листата од 137 земји, втора по ред е  Сингапур, па Швајцарија. Меѓу првите десет земји се наоѓаат-  Хонг Конг, Холандија , Јапонија, Франција, Португалија, Австрија, САД.

Германија се наоѓа на 15 то место . Од земјите од регионот, Хрватска е најдобро позиционирана и се наоѓа на 19-то место, Грција е на 44 место , Словенија е на 51 -то место, Албанија на 57 место, на 88 -то место е Црна Гора , на 93 место е Бугарија, на 100 место е Србија , а на 109 -то место е Босна и Херцеговина.

Инаку Обединетите Арапски Емирати успеаја да станат лидер на планетата по квалитетот на патиштата, со практично непостоечка инфраструктура, користејќи најсовремени технологии и градежни материјали.

Во 2014 година, „Емирати“ започна петгодишна инвестиција од скоро 100 милијарди американски долари во патната инфраструктура и здравството, давајќи одлични резултати.