Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, во складиштата на „Амазон“ секогаш ќе имаат потреба од човечки кадар, нагласи Тај Брејди, главен технолог за роботика во таа компанија во интервју за БиБиСи.
Компанијата објави дека има распоредено повеќе од 200.000 роботи што работат во магацини на околу 50 локации.
Сепак, и покрај фактот што Амазон инвестира многу во напредната роботика, Тај Брејди вели дека центрите на компанијата никогаш нема да стигнат до точка каде што би можеле да бидат целосно автоматизирани.
„Никако. Ниту еден атом од моето тело тоа не го гледа. Начинот на кој размислувам за ова е симфонијата на луѓето и машините кои работат заедно, ви требаат и едното и другото, рече Брејди.
Тој додава дека предизвикот кој стои пред нив е како паметно да ги дизајнираат машините за да ги прошират човечките способности.
Comments are closed for this post.