Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 – 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за утовар треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија. Периодот од 5 – 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат, вели Трипуновски.