Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија со струја е назначен надворешниот советник на премиерот Александар Обрадовиќ.

Обрадовиќ е поранешениот директор на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, а во Македонија ја вршеше функцијата надворешен соработник за економски прашања на премиерот во првиот мандат.

Неговото име се споменуваше како прв избор за директорското место во ЕЛЕМ, но под притисок на јавноста, Обрадовиќ не ја доби таа функција во 2017 година.

Македонија стана тема за потсмев во Србија поради катастрофалните кадровски одлуки кои ги носи Зоран Заев. Сите се прашуваат како е возможно Зоран Заев великодушно да му доделува државјанство и да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење, обвини ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. Српските медиуми се прашуваат како е можно човек кој е сменет од челото на ЕПС заради спорна набавка на луксузни возила да добие ангажман во Македонија.

Зоран Заев без тронка срам ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ, човек кој во сред мерки за штедење набавувал екстремно скапи возила, кој правел промашени тендери со милионски штети, кој неодговорно работел и ангажирал за баснословни хонорари ТВ ѕвезди. Овие информации за Обрадовиќ ги пишуваат српските медиуми и изгледа сите ги имаат прочитано, освен Зоран Заев. Или уште полошо и тој ги има прочитано но и има проценето дека токму ваков мешетар му треба да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис. ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, фирма која управува со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 граѓани на Република Македонија. Премногу е сериозно некој да си поигрува со судбината и иднината на оваа фирма.

Од мешетар во Србија до директор во Македонија
Поранешниот директорот ЕПС (српското електростопанство) Александар Обрадовиќ, кој беше сменет од таа функција поради низа скандали и криминали кои ги направил додека ја извршувал функцијата, со согласност од сите министри во првиот состав на владата на Заев, поради посебен придонес за државата добил државјанство на Република Македонија во 2017 година.

За Заев можеби посебен придонес за државата е тоа што Александар Обрадовиќ, заедно со уште две лице со сомнително криминално минато од Србија, Зоран Башановиќ и газдата на српски Курир, Александар Родиќ му помогна да дојде до премиерското место, поради што сега новиот премиер ќе мора да ги исплаќа долговите.

Иако нема баш никакви корени и врски со Македонија, Обрадовиќ до МВР поднел барање за државјанство по итна постапка, а барањето беше оценето позитивно и проследено до владата на одобрување. МВР во образложението се повикува на членот 11, каде стои дека лице може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес, објави тогаш српски Информер.

Најголемите афери на Обрадовиќ

Србија нема да му заборави дека во поплавите во Колубара пред неколку години кога беа поплавени багери во басенот за јаглен, поради тоа што претпријатието кај што тој беше директор не ги осигурало истите, компанијата изгубила скоро 300 милиони евра.

Иако истакнат член на партијата на Александар Вучиќ, Обрадовиќ беше променет од директорската функција поради своето однесувањето, како што пишува Блиц.рс. капката која ја прелила чашата било купувањето на два автомобили марка Ауди, во време кога во Србија имаше мерки за штедење.

1.Невниманието го плаќаат граѓаните на Србија

Не ја осигурал компанијата од поплави, што се покажа погубно во мај 2014 година, кога цела Србија беше под вода. Меѓу нив биле и „Електростопанство Белград“, хидроелектраната „Џердап“ и „Југоисток“, а РБ „Колубара“ претрпе најголема штета, проценета на 100 милиони евра, додека вкупната е повисока од 300 милиони евра. Тие имале полиси кај „Дунав осигурување“ или кај ДДОР Нови Сад, кои не покривале поплави.

2.10 милиони евра за советници, во време кога компанијата имала загуби

Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу 10 милиони евра. Обрадовиќ барал советници кои би му помогнале во работите кои можеле да ги покријат 600 директори, колку ги имаше тогаш во ЕПС.

3.Судир на интереси

ЕПС милионски вредна зделка ја додели на чешката филијала на консултантската фирма „Артур Д.Литл“ во која Александар Обрадовиќ претходно со години работел. Зделката ја добија иако нивната понуда не била најповолна. Истовремено, тендерот бил распишан динари, но ЕПС на Чесите им склопиле работа во девизи, поради што само на курсните разлики ЕПС платил 10 милиони динари повеќе отколку што во јавниот повик било прецизирано.

4.За логото на ЕПС 42 милиони динари

За промена на визуелниот идентитет на ЕПС издвои нешто помалку од околу 42 милиони динари. За логото 21 милион, а за маркетиншката кампања 20,9 милиони динари.

5.Дипломатски скандал со Кинезите

Во текот на самитот на Кина и 16 држави од централна и источна Европа во Белград предизвика дипломатски скандал. Јавноста дознала од СМС преписки на Обрадовиќ со Горан Ѓоковиќ (чичкото на Новак Ѓоковиќ) дека кинескиот амбасадор Ли Мачан бесен излетал од зградата на Владата на Србија, кога дознал дека Србија сака да го менува договореното.

6.Разонода за директорите

Раководителите на ЈП ЕПС, во ноември 2015 година потрошиле скоро четири милиони динари на организирање стручен собир во хотелот „Извор“ во Аранџеловац. Собирот „Корпоративно управување“ траел три дена, а хотелот е избран без тендер.

7.ЕПС ги заобиколил правилата

ЕПС се обиделе да ги заобиколат правилата за заштита на животната средина на Светскта банка и така да добијат 30 милиони долари за испумпување вода од ископините на јаглен кај Лазаревац. Светскта банка поради тоа ги стопирала преговорите, па и целиот и целиот процес на испумпување вода каснел.

8.ТВ ѕвезда

Ја смени главната соработничка за односи со медиумите, затоа што не успеала да ги сопре текстовите на „Блиц“ во кои тој бил главен актер. Неа на местото шеф на Секторот за односи со медиуми, ја замени познатата ТВ ѕвезда, поранешна уредничка и водителка на Телевизија „Прва“, Звездана Јовановиќ Поповиќ.

9.Луксузно летување

Покрај упорните повици од тогашниот премиер не само граѓани и политичарите да ги остават парите за летување во Србија, Обрадовиќ одмараше во луксузниот хотел „Регент Порто Монтенегро“ во Тиват, место кое го нарекуваат „црногорско Монако“. Преноќување во овој хотел чини околу 1000 евра.

10.Љубител на естрадата

Александар Обрадовиќ на почетокотна својот мандат покажа склоност кон естрадните и познати личности. Имено, тој како свој асистент ја вработи Драгана Милошевиќ, која на таа функција дошла со искуство на балерина во емисијата на продукцијата Гранд. Претходно волонтирала во информативната служба на СНС.

 

извор: Курир.мк