Во екот на корона вирусот и вонредната состојба стопанската комора предлага зголемување на акцизата на горивата. Оваа мерка директно ќе удри по џебот на граѓаните и ќе значи зголемување на горивата за неколку денари.
Ова се случува во период кога цената на горивата драстично падна и кога граѓаните со олесување одат да ги наполнат резервоарите на возилата. Според проценките, со покачената акзица, цената на сите горива ќе се зголеми за околу два денари.
Власта се фали дека со зголемената акзиза ќе дадат еден милион евра помош за мерките за справување со последиците од корона вирусот.
Но, еден милион евра е занемарувачка бројка ако се знае дека од акцизите ќе се инкасираат 42 милиони евра пари од народот.