Сообраќајот на булеварот пред Собранието е блокиран откако група граѓани што протестираат против уставни измени поставија шатор на улицата пред законодавниот дом.
Присутните со транспаренти „не ве гласавме да менувате име, оставка…“ од утринава бараат од пратениците да не ги поддржат предложените уставни измени.
Пред Собранието може да се забележи и полициско обезбедување.
Во моментов во македонското собрание во тек е седницата на која единствена точка на дневниот ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.
Comments are closed for this post.