Истанбул во саботата беше парализиран заради невремето пропратено со обилни дождови во кои едно лице го загуби животот, а поплавен е дел од Капали чаршија, познат трговски центар во градското јадро.
Бездомник е пронајден мртов во сутерен во областа Ункапани, кој најверојатно се удавил, тврди фотограф на Франс Прес.
Улиците во најголемит турски град до пладне беа под вода и заглавени автомобили, а траектот кој вози од едната до другата страна на Босфор не сообраќаше.
Rain in Istanbul’s old town quickly turns into a flood that ripps off cobblestone pic.twitter.com/FzG60OX2N9
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) August 17, 2019
На видео снимките објавени на друштвените мрежи може да се види како трговците во Големата чаршија се обидуваат да ги заштитат своите продавници, а телевизиската мрежа НТВ јави за голем број автомобили кои заглавиле во невремето, а противпожарни возила се обидувале да им помогнат.
An underpass full of stores in Istanbul old town is also submerged. pic.twitter.com/UyDrAq6SKW
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) August 17, 2019
Comments are closed for this post.