Најмалку осум луѓе загинале и уште други десет се хоспитализирани по пожар кој синоќа избувнал во луксузниот хотел „Токио Стар“ во украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море.
Пожарот избувнал ноќта кон саботата, како што првично се претпоставува, на вториот кат од хотелот. Во објектот во тој момент се наоѓале околу 200 луѓе, а најголемиот дел од нив биле евакуирани,
Веднаш на пријавената локација се упатиле 65 спасувачи и 13 пожарникарски возила, а покрената е и истрага за утврдување на причините за овој трагичен инцидент.
Хотелот „Токио Стар“ се смета за еден од најскапите во Одеса, но и најголем со 273 соби.
Comments are closed for this post.