Нема да поддржиме Катица Јанева и нејзините соработници да станат дел од новото обвинителство, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на Уставот и законите и не бара постапките да бидат прекинати.
СЈО води два типа на постапки. Едните постапки се до 30 јуни 2017 година каде што со закон СЈО беше обврзано да покрене обвинение. Новиот закон треба да го почитува Уставот каде ќе имаме едно Обвинителство со еден обвинител и истите постапки треба да отидат кај тој нов обвинител треба да одлучи каде припаѓаат-објасни Мицкоски
Comments are closed for this post.