Фејсбукот на Ларис Гаисер, новинарот кој за италијанска „Ла Верита“ објави серија текстови и аудио и видео материјали за случајот „Рекет“ бил вчера хакиран.
Гаисер за Пресинг ТВ потврди дека хакерска група за која му кажале дека се претставува како Кумановска група му го хакирала профилот, зашто вели дека тоа го очекувал и оти не е премногу загрижен за тоа.
Повеќе сум загрижен што во меѓувреме откако ми беше хакиран профилот се појавија 4-5 лажни профили со моето име и моја слика. Луѓе на тие профили бараат да станеме пријатели, но морам да кажам дека се тоа лажни профили и едноставно луѓето да се стрпат неколку дена и да не наседнуваат на овие лажни профили. Станува збор за стапица“, ни изјави Ларис Гаисер.
Инаку, тој претходно објави дека неговата квота од 5.000 следбеници на Фејсбук веќе одамна ја исполнил и со жал констатира дека веќе не може да потврдува нови пријателства на Фејсбук.
Што се однесува до објавување нови материјали за „Рекет“ во „Ла верита“, Гаисер неодамна рече дека со внимание анализира снимени материјали и оти наскоро и нив ќе ги објави.
Comments are closed for this post.