Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски денеска се обрати на јавноста и најави дека не ја исклучува можноста од уште помасовни протести по избивањето на случајот „Рекет“, но и други чекори како напуштање на институции.

Тој побара да се испита вмешаноста на сите вклучени во овој, како што го нарече октопод. Според Мицкоски, сомнежите се дека криминал од вакви размери не е можен без знаење на Зоран Заев.

Побара и објаснување од премиерот што значат зборовите на еден од осомничените „Заев знае се“ и каква поврзаноста со т.н белградска врска“.

Според Мицкоски, во Македонија нема правна држава затоа што ја убиле и погребале.

Падот на власта на СДСМ не е прашање дали туку кога ќе се случи. Ветив битка до последен здив но и победа-рече Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија не е пашалак на Заев а народот нивен заробеник.

Заев е на колена. Октоподот е во слободен пад. Доаѓа обнова на Македонија-нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.