„Рекет“ е слика за корумпираноста на Владата и правосудството и криминализираноста на политиката, а изјавата на премиерот во вторникот е потврда за безидејноста како да се справува со проблемот што тој го предводи и надградува. Немоќта вербално ја призна со заканите кон „суетните новинари“ и „педерите“, а фактички ја потврди со формирањето т.н. Оперативното тело за борба против корупцијата во кое членуваат функционери на Владата-генератор на самата афера.
Штетноста на Владата и Заев станаа претешки за релативизирање и премолчување дури и за неговите најтврдокорни поддржувачи и креатори. „Отворените општествењаци“, „мудреците“ од „Јустинијан I“ и МАНУ, системските новинари, службењаци и „нво-исти“… т.н. „дебармаалска камарила“ во 2014/5 во Заев исфорсира лик кој требаше да е ем прифатлив за „обичната Македонија“ ем подводлив на византизмот на скопската „елита“. Од вторникот, по изјавата на Заев, таа „дебармаалска камарила“ и нејзините дипломатски спонзори во општествена, политичка и медиумска смисла останаа кредибилни само во квадратниот километар меѓу „Партизанска“, Градското Собрание и „Илинденска“, бидејќи Заев ги лиши од лажната граѓанско-либерална аура и замислената „морална вертикала“.
Демистифицирани и презрени дека всушност (11 години) не ги интересирало ниту граѓанско ниту едно општество за сите, туку само ги посакувале позициите што ги имале други, сега тие како партиски ботови по социјалните мрежи и во јавниот дискурс веќе не можат да направат ништо повеќе од
Обид за контрола на штетата
Интересно е ако работите се погледнат и од друг аспект. Настрана емотивниот набој, изјавата на Заев како повеќе да беше упатена токму кон „сопствените“ редови од каде – „Рекет“ покажа – му доаѓа(ше) најголемата закана, како и на неговите претходници. И тој јаваше на бранот што „елитата“ му го создаваше се додека и гарантираше етно-парто-фамилијарно исклучив пристап кон финансискиот и медиумскиот пазар и кон позициите и привилегиите од (пред) транзицијата. Тоа што тој не го калкулира е дека со неа не може да се пресмета ни од позиција на власт додека си ја „тера водата на своја воденица“, а за тоа ги користи истите клепто-коруптивни инструменти на оние што го промовираа – за да си ги задржат привилегиите.
Макар по линија на „командна одговорност“, а сигурно и повеќе од тоа, Заев знаел што се случува и за тоа не му се виновни „суетните“ и „педерите“, туку тој лично и неговото опкружување со амбиции за криминално збогатување со јавни пари и злоупотреба на моќта. Што тој си го создаде, прифати и на кое се потпира. Бидејќи на сите им е јасно дека не се битни само „подизведувачите“ во аферите, туку креаторите на коруптивниот систем и неговите одржувачи и не се бара само санкција за криминалот, туку враќање на парите.
Накусо, нервозната изјава покажа дека на Заев му стана јасно дека е „потрош(е)на роба“ по
Пораката на Пендаровски и поддршката од амбасадорот на САД
Претседателот на Републиката во понеделникот го направи расположливото: го прифати ставот на САД за „Рекет“ од 2 август, се спротивстави на релативизирање, се дистанцираше од Јанева, Заев и (опкружувањето што тера) провладината кампања на СДСМ, потврди (сомнеж за) корупција во владата и (право)судството до степен на загрозување на (довербата кон) државата и отфрли претставување на аферата само како судир меѓу левичарите (социјалистите) и десничарите (конзервативците) во Македонија, регионот и пошироко.
Тој со пресот најави и дека и во Скопје и во Брисел и во Вашингтон и во сите регионални и европски метрополи е јасно дека „Рекет“ е втемелен во постапките и на домашните и на странските функционери. Изнудениот твит на Хан и видливото отсуство на Могерини, на пр., најавуваат дека Брисел или не знае или многу добро знае како и од какви се (лукративни или политички) причини (сеедно) овде имаат солирано разни (евро)апаратчици. Впрочем, доволно е да се потсетиме дека низ ЕУ-САД спонзорираните Пржински преговори токму Јанева стана шеф на СЈО како единствено неспорен кандидат од списоците и на Груевски и на Заев.
Затоа сега Македонија и Западот се соочени со избор меѓу две можности. Првата е ново фасадирање на тековниот длабок општествен судир, така што ќе се зачуваат привилегиите на познатата „елита“ и власта до нова институционално-политичка криза за пар месеци. Втората можност е отворање на банкарско-финансискиот сектор што ќе го ослободи домашниот политички, медиумски, невладин, бизнис сектор од тридецениските рамки и ќе го направи продуктивен. Таквата освежена сцена може да и даде смисла на сувереноста на Македонија како раскрсница на коридори во овој дел од Балканот и Европа.
Притоа, не велам на независноста. Во регионов само ние и Србија сеуште живееме во (пост)југословенскиот концепт на независност, додека регионот разбра дека државите се меѓузависни, а се толку суверени колку што се вклопиле во економско-безбедносно-еколошко-енергетската (регионална и континентална) целина.
Имајќи го предвид досегашното однесување на власта и западните дипломати, првата можност е докажано можна, бидејќи е лесна. Но, бидејќи секоја следна криза предизвикана од нивната лежерност ги отвора Македонија и регионот за незападни пенетрации, втората можност (им) е се понужна, а онолку извесна колку на неа ќе инсистираат граѓаните и опозицијата.
Comments are closed for this post.