Во пожарната во Велес вечерва во 19:20 часот бил пријавен пожар кај поранешната фабрика „Порцеланка“.
Според првичните информации за МИА, од ТППЕ Велес гори трева и дрвца. Екипа пожарникари се уште е на терен и работи на гаснење на пожарот.
Тие засега не откриваат подетални информации за пожарот, за тоа колкава површина е зафатена и дали се во опасност просториите на фирмата која работи во поранешна „Порцеланка“.
Comments are closed for this post.