Министерството за финансии во вторник на 16 октомври  има закажано нови  аукции на државни хартии од вредност . Планира да позјами нови 3,3 милијарди денари или приближно 53,6 милиони евра. Според проспектите за задолжување на Министерството, државата ќе позајми пари со 12 месечни записи, 2 годишна и 3 годишна обврзница, како и една 30 годишна обврзница. Со дел од позајмените пари, односно со 38 милиони евра ќе се вратат стари долгови од претходната власт кои доспеваат на 17 и 20 октомври.

Парите од 30 годишната обврзница со евро клаузула, кои државата треба да ги позјами, треба да ги враќа 30 години односно до 2048 година со камата од 4,5%.

„Мене ми е драго што Македонија за првпат од оваа годна започна да издава 30 годишни обврзници. Тоа значи дека постојат инвеститори. Досега најдолгата рочност на обврзниците беше 15 години. Тоа значи дека некој во 2048 година денеска вложува пари во македонска обврзница и верува дека тие пари ќе му бидат исплатени и дека економијата ќе оди како што треба“, рече Тевдовски

Светска банка неодамна истакна дека државата треба да го забави јавниот долг, бијдеќи според нивните проекции, до крајот на годинава ќе го достигне психолошкиот праг од 50% од БДП.