Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купиле стан на Црногорското приморје и тоа во најскапата зграда во Будва.
Фолк ѕвездата и нејзиниот сопруг, како и останатите членови на семејството, голем дел од годината го поминуваат во Будва, посебно на јахтата која преку лето е закотвена во пристаништето во Стариот град.
Семејството купило „кралски апартман“, како што ги нарекуваат апартманите се луксузната зграда, а цена на квадратен метар е 4 илјади евра.
Брена и Боба видени и фотографирани се како пијат кафе во ресторанот во склоп на зградата, по што пејачката заминала во апартманот, се преоблекла за на плажа и заминала на јахтата на бањање, подалеку од брегот и гужвата.
Медиумите од соседството пренесуваат дека ако станот кој Брена и Боба има барем 70 метри квадратни, цената не е под 280 илјади евра.
Comments are closed for this post.