Иран поднесе молба до Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) да го стави историскиот регион Хавраман, кој се наоѓа во покраината Курдистан, на листата на светско културно наследство.
Директорот на Канцеларијата за културно наследство, рачни изработки и туризам на Курдистан, Мохсен Алави изјави дека 80 експерти од разни области собрале докази, додавајќи дека истражувањата се извршени во областа на антропологијата, археологијата, природните науки и историски документи.
Алави истакна дека повеќе од 500 антиквитети поврзани со палеолитската ера се откриени во тој регион.
Хавраман на курдски јазик значи „земја на сонцето“. Една од исклучителните знаменитости на регионот е нејзиниот карпест и планински пејсаж, вклучувајќи историски села, дворци и верски локации со разни обичаи и ритуали
Comments are closed for this post.