Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржи до 14 август. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.
Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…
На 14 август температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава. Во четврток температурата ќе достигне до 37 степени, а во петок и во сабота до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Comments are closed for this post.