Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство. За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август.

За неделава рочиште во судот ќе има и за предметот на СЈО – Т.Н.Т. за уривањето на комплексот „Космос“ на  Фијат Цаноски.

Инаку, рочиштата продолжуваат по судската ферија што почна на 15 јули, а продолжува во период кога преку интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени снимени разговори меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан (Орце) Камчев, за случајот „Рекет“, а во кои се споменуваа Катица Јанева и Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ а во која е осомничен бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

Неделава во Јавното обвинителство свои искази треба да дадат Катица Јанева и Лиле Стефанова во врска со случајот „Рекет“.