Професорката од Правниот факултет и поранешен пратеник и потпретседател на СДСМ, Ана Павловска Данева, на својот фејсбук профил сподели статус во врска со случајот „Рекет“. Таа напиша:

„Нема поголема навреда за правниот систем на една држава од тоа со него да управува и владее Боки Тредичи, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Павловска – Данева беше дел од работната група што ја изготвуваше стратегијата и акцискиот план за реформи во правосудството, а Владата во октомври 2017 ја именува за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.